Кина против јакнењето на американските сили на Пацификот

Кинеската војска денеска ги критикуваше Соединетите држави за дестабилизирање на азиско пацифичкиот регион со тоа што испраќа дополнителни сили во тоа подрачје. Портпаролот на Министерството за одбрана Јанг Јуџун денеска во Пекинг изјави дека таквите чекори се во спротивност со регионалните политички текови за мир и просперитет.