САД: осудени за тероризам

Две лица од американската држава Њу Џерси биле осудени на по 20 години затвор за приклучување кон милитантната група Ал Шабаб во Сомалија која е дел од терористичката мрежа на Ал Каеда. 23 годишниот Мухамед Алеса и 27 годишниот Карлос Алмонта беа уапсени во 2010 година на аеродромот Џон Кенеди во Њујорк пред летот за Египет, а на пат кон Сомалија. Во нивните изјави тие изразија жалење за постапките за кои, како што наведоа, биле измамени.