Ештон попладне пристигнува во Скопје

Еврокомесарката за надворешна политика Кетрин Ештон денеска попладне пристигнува во Скопје во рамките на нејзината турнеја низ земјите од Западен Балкан. Посетата на Ештон се совпаѓа со презентирањето на пролетниот извештај за Македонија од страна на еврокомесарот Штефан Филе пред Европарламентот, од кој зависи дали земјата ќе добие датум за преговори на самитот на Европскиот совет во јуни. Се очекува таа во Скопје да се сретне со претседателот Ѓорге Иванов, премиерот Никола Груевски, со лидерот на ДУИ Али Ахмети и со претседателот на опозициската СДСМ Бранко Црвенковски. Делегацијата на ЕУ во Скопје информира дека Ештон по средбите приквечер ќе оддржи прес конфенеција но други детали за средбите и темите за разговор не соопштија. Премиерот Груевски вчера изјави дека не знае за што ќе се разговара со неа и не би сакал да прејудицира за тоа.

„Невообичаено е во политичката пракса кога ти доаѓа гостин однапред ти да кажеш што тој мисли да говори со тебе, особено ако не си го прашал или не те информира за тоа.“

Од кабинетот на Ештон објаснуваат дека целта на балканската турнеја е охрабрување и интезивирање на евроинтегративниот процес во регионов