Мадуро официјално прогласен за победник на изборите

Николас Мадуро

Властите на Венецуела соопштија дека наследникот на Уго Чавез, Николас Мадуро и официјално ќе биде прогласен за победник на претседателските избори и покрај барањето на опозицијата за пребројување на гласовите. Мадуро со освоени повеќе од 300 илјади гласови го победи опозицискиот кандидат Енрике Каприлес. Националните медиуми ги повикаа жителите да присуствуваат на церемонијата и митингот кои вечерва ќе се одржат во главниот град Каракас. Каприлес одби да го прифати изборниот резултат, поради како што изјави, нерегуларностите при гласањето.