ЕУ-зголемен раст на трговијата со луѓе

ЕУ соопшти дека бројката на жртви на трговија со луѓе забележала раст од 18 проценти меѓу 2008 и 2010 година, односно 23 илјади лица биле продадени за сексуална експлоатација или принудна работа. Но, според извештајот бројката на нерегистрирани случаи е суштинска.
Во него е наведено и дека е намалена бројката на лица кои биле осудени за активности поврзани со трговија на луѓе.