Узбекистан предупредува на опасноста од екстремизам

Узбекистанскиот претседател Ислам Каримов

Узбекистанскиот претседател Ислам Каримов го предупреди неговиот руски колега Владимир Путин за зголемената опасност од екстремизам во централна Азија. Каримов кој е во посета на Москва изјави дека последиците од експанзија на тероризмот, екстремизмот и религиозниот радикализам може да предизвикаат војна.