Британија загрижена за човековите права во 27 земји

Британија го објави извештајот за човекови права и демократија за минатата година во кој е наведено дека состојбата во 27 земји е загрижувачка. Во него се повикува Авганистан да преземе поголеми напори за заштита на првата на жените, децата и малцинствата, како и да спроведе фер избори во 2014 година. Во однос на Белорусија е изразена загриженост за кршење на првата на луѓето и за неслободните избори.
Во извештајот е нагласена практиката на иранските власти на заплашување, апсење и угнетување, а за Ирак е упатена критика за корупцијата и за зголемената употреба на смртна казна.