Путин му честита на Мадуро

Рускиот претседател Владимир Путин денеска му ја честита победата на Николас Мадуро на претседателските избори во Венецуела, нагласувајки дека очекува да продолжат добрите односи меѓу двете земји. Односите меѓу Москва и Каракас беа на високо ниво за време на владеењето на Уго Чавез,а Путин изразил надеж дека и со Мадуро на чело, како што нагласил, ќе продолжи да зајакнува стратегиското партнерство. Русија има инвестирано милијарди долари во бизнисот со нафта во Венецуела, на која и даде и големи кредити за купување оружје.