Пешков: Нема потреба од нова истрага за смртта на Магнитски

Портпаролот на рускиот претседател Владимир Путин, Дмитриј Пешков, изјави дека истрагата за смртта во затвор на адвокатот Сергеј Магнитски во 2009-та година, е завршена и оти нема потреба од нова. Тој ја критикуваше така-наречената Магнитски листа, на која Соединетите Држави ставија под санкции руски официјални претставници, поради сомнителната смрт на Магнитски. Пешков оцени дека случајот Магнитски е внатрешна работа на Русија, а додаде дека претседателот Путин бил заинтересиран да има конструктивни критики во Русија.