Кери: САД и сојузниците обединети против заканите од Пјонгјанг

Токио, 15.04.2013

Американскиот државен секретар Џон Кери изјави дека Соединетите Држави и сојузниците во источна Азија се обединети против заканите од Северна Кореја. Во говорот на Универзитетот во Токио, Кери го повика Пјонгјанг да превземе конкретни чекори за исполнување на меѓународните обврски во врска со денуклеаризацијата. Инаку, во Северна Кореја се одбележува 101-вата годишнина од раѓањето на основачот на таа земја Ким Ил Сунг, а аналитичарите шпекулираат дека Појонгјанг по тој повод би можел да изврши тестирање на проектил од среден дострел.