Нова серија бомбашки напади во Ирак

Киркук, 15.04.2013

Најмалку 19 луѓе загинале, а околу 100 биле повредени во серијата насилства во Ирак. Денеска бомбашки напади имало во Багдад, Фалуџа, Киркук и уште во неколку други места. И вчера во Ирак имаше серија бомбашки напади при што загинаа 10 луѓе, меѓу кои и сунитски кандидат за престојните избори за провинцијски власти. Досега во Ирак с еубиени 14 кандидати за изборите, што треба да бидат одржани на 20-ти овој месец.