Северна Кореја слави годишнина, светската јавност загрижена

Светот внимателно ја следи прославата по повод сто и првата годишнина од рoденденот на починатиот основач Ким Ил-Сунг поради шпекулациите дека Пјонгјанг може да ја искористи можноста да лансира проектил. Разузнавачките сили на Јужна Кореја информираат дека Северна Кореја имала две ракети со среден дострел подготвени за лансирање. Американскиот државен секретар Џон Кери кој во рамките на својата турнеја ја посети Јапонија и кој во најголема мера се фокусираше врз Корејската криза - предупреди дека таков чекор на Пјонгјанг ќе биде "огромна грешка". Во неделата во Токио, Кери исто така истакна дека Соединетите Држави се подготвени да интервенираат со цел Северна Кореја да се откаже од нуклеарно оружје. Тој исто така вети дека Вашингтон ќе ги заштити своите сојузници во Азија од какви било провокативни акти од страна на Северна Кореја.