Забавен економскиот раст во Кина

Економскиот раст на Кина бележи забавување во првите три месеци од годината. Бројките објавени денеска покажуваат дека втората по големина економија во светот пораснала за 7,7 насто во првиот квартал во однос на 7,9 насто во претходниот квартал. Аналитичарите очекуваат дека растот ќе се зголеми на најмалку осум проценти. Економскиот раст на Кина отскокна кон крајот на минатата година по својата најдлабока рецесија од 2008 година поради глобалната криза, но аналитичарите велат дека закрепнувањето ќе оди слабо и се уште е поддржано од владиното трошење.