Русија запленила тон хероин од Авганистан

Руските власти соопштија дека заплениле речиси тон хероин од Авганистан во првите три месеци од годинава. Според нив проблемот со трговијата со дрога е се поголем. Тие соопштија дека околу 100 илјади луѓе починале во Русија од наркотици, а речиси 8 ипол милиони постојано користат дрога.