Ердоган планира да го посети појасот Газа

Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган

Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган изјави денеска дека по посетата на Вашингтон на 16 мај, каде треба да се сретне со американскиот претседател Барак Обама планира да отпатува за појасот Газа. Обама во минатиот месец посредуваше во помирувањето меѓу Турција и Израел, откако двете земји ги прекинаа дипломатските односи во мај 2010 година, кога Израел изврши напад на турски брод, кој превезуваше хуманитарна помош за Палестинците и при што беа убиени девет турски активисти.