Бомбашки напад во Пакистан, 8 жртви

Најмалку осум луѓе загинале, а седум се повредени во бомбашки напад на автобус во северозападниот дел на Пакистан. Бомбата која била поставена во автобусот експлодирала додека автобусот поминувал покрај пазар во Пешавар. Меѓу жртвите има жени и деца.