Претседателски избори во Венецуела

Актуелниот претседател Николас Мадуро

Во Венецуела денеска се одржуваат претседателски избори на кои ќе биде избран наследникот на Уго Чавез, кој почина во март, по двегодишна битка со ракот. Актуелниот претседател Николас Мадуро, кој го замени на функцијата е фаворит на изборите, но последните анкети покажаа дека неговиот противник Хенрике Каприљес ја намали предноста на Мадуро.