Авион ја промаши пистата и слета во море

Авион со 130 патници денеска ја промаши пистата на аеродромот на Бали и слета во морето. Според првичните информации во инцидентот нема мртви.Од министерството за сообраќај соопштија дека сите патници кои биле во авионот од типот боинг 737 на нискобуџетната индонезиска компанија „Лајон ер“ се живи. Седум патника се полесно повредени и згрижени во најблиската амбуланта. Авинот требало да слета на меѓународниот аеродром на островот Бали, кој годишно го посетуваат милиони туристи.
Истрагата за тоа што го предизвикало инцидентот е во тек.