Непозната судбината на авганистанските бегалци

Повеќе од 50 авганистански бегалци се водат како исчезнати, откако бродот со кој патувале кон Австралија потонал кон брегот на Индонезија. Бродот потона пред два дена во близина на островите Јава и Суматра. Локалните рибари спасиле 14 лица, а 58 се водат за исчезнати. Како што се соопшува, спасувачките екипи се уште трагаат по нив, а тешко е да се утврди колку вкупно луѓе имало на бродот. Дванаесет од четиринаесетте спасени патници се наоѓаат во Џакарта, поради истрагата на имиграциските служби во градот Богор.
Индонезија е транзитна земја за бегалците од јужниот дел на Азија и од Блискиот исток, чија цел е да дојдат до Австралија и таму да бараат азил.