ММФ ја призна новата Влада на Сомалија

Меѓународниот монетарен фонд објави дека ја признава новата влада на Сомалија по 22-годишна пауза во односите со една хаотична земја. Меѓународниот монетарен фонд го објави признавањето на сомалиската влада на претседателот Хасан Шеик Mухамед, кој ја презеде функцијата во септември минатата година. Овој потег ќе му овозможи на ММФ да и понуди на Сомалија техничка помош и совети за политиката. Сепак ММФ соопшти дека Сомалија нема да биде во можност да позајмува средства од фондот се додека не ги подмири долговите што и ги должи на агенцијата.