Американскиот државен секретар Кери во Пекинг

Американскиот државен секретар Џон Кери пристигна во Пекинг каде што се очекува да ги притисне кинеските лидери да ивршат поголем притисок врз нивниот сојузник Северна Кореја. Веќе неколку недели Пјонгјанг упатува закани за војна што следи по изрекувањето на санкциите од страна на ОН откако по третпат Северна Кореја изврши нуклеарна проба во февруари.
Кери изјави дека Соединетите Држави никогаш нема да ја прифатат Северна Кореја како нуклеарна сила. Тој исто така, рече дека ќе биде "огромна грешка" ако Северна Кореја продолжи да ги спроведува предвидените проби на среден дострел. Кери ја повика Кина,единствениот голем сојузник на Северна Кореја да „покаже заби" во напорите да го притисне Пјонгјанг да се откаже од своите нуклеарни амбиции.
Северна Кореја одбива да се откаже од нуклеарното оружје кое како што го нарекува е "богатство" и гаранција за безбедноста.