Мало зголемување на странските туристи во Македонија

Македонија во февруари годинава ја посетиле над 15 илјади странски туристи. Најбројни биле од Грција, Албанија, Турција и Србија, а најголем број 6.614 туристи го посетиле Скопје.
Државниот завод за статистика објави дека бројот на туристи во февруари годинава изнесува 25.599, што е за 8,7 отсто повеќе во однос на февруари лани. Според објавените податоци бројот на ноќевањата изнесува 58.323, каде е забележано зголемување за 10,3 отсто.
Бројот на домашните туристи во февруари 2013 година, во однос на февруари 2012 година, е зголемен за 11,1 отсто, а бројот на странските туристи е зголемен за 7,2 отсто. Бројот на ноќевањата на домашните туристи во февруари 2013 година, во однос на февруари 2012 година е зголемен за 12,8 отсто, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 8, отсто.