Еврозоната со детали за помошта за Кипар

Министрите за финансии од еврозоната денеска во Даблин одобрија детали за меѓународниот пакет економска помош за Кипар. Претходно претседателот на Кипар Никос Анастасијадис изјави дека неговата земја ќе побара дополнителна помош од Европската унија. Тој додаде дека писмено ќе ги информира за ова барање претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Барозо и претседателот на ЕУ Херман ван Ромпуј.