Авторството на Скопје 2014

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Од текстилна конфекција до Воин на Коњ. Од дипломирање до капитални споменици и академска позиција за 3 години. Кои се уметниците кои стојат зад проектот Скопје 2014? Кои се нивните претходни дела? Мери Јордановска ги разгледува биографиите на досега најплатените уметници во Македонија. Во разговори со политичари и уметници се лоцира политичкото авторство на проектот и се истражува грижата за наследството оставено од великаните како Личеноски и Мартиноски. Проектот „СК Ретровизор" ја истражува отчетноста и транспарентноста на локалните власти во однос на јавните простори, пари и политики.Прилогот е дел од проектот - 10 независни истражувачки стории за капиталните проекти во Скопје.