Г8 фокусирани на Северна Кореја и Сирија

Министрите за надворешни работи на земјите членки на Г8

Министрите за надворешни работи на земјите членки на Г8 ги осудија нуклеарните активности на Северна Кореја. Во коминикето објавено по средбата во Лондон тие го повикаа Пјонгјанг да се воздржи од натамошни провокативни дела и предупредија на санкции доколку земјата лансира ракета.
Во однос на Сирија во соопштението е изразена голема загриженост и е упатен повик до двете страни во конфликтот да ги почитуваат човековите права.