Тарчуловски пристигна во Македонија

Јохан Тарчуловски по излегувањето од затворот во Диц, Германија

Јохан Тарчуловски по осум години поминати во затвор, попладнево се врати во Македонија. Тој беше пречекан од неговите деца и премиерот Никола Груевски. На аеродромот се членови на неговото семејство, пријатели и поддржувачи, владини министри, пратеници, како и голем број граѓани.
Здружението за поддршка на Јохан обезбеди 50 автобуси кои бесплатно сообраќаат до скопскиот аеродром „Александар Велики“ и потоа до плоштадот „Македонија“, како и 200 автобуси за оние граѓани од внатрешноста на државата кои сакаа да дојдат и да го пречекаат Тарчуловски.
По пречекот на скопскиот аеродром, предвидено е Јохан да има средба со Груевски и да положи цвеќе пред Споменикот на бранителите кој се наоѓа во близина на Порта Македонија. На плоштадот „Македонија“ во 16:30 часот ќе биде организирана и прослава во чест на враќањето на Тарчуловски на која ќе настапат познати пејачи од македонската забавна и фолк естрада.