Убиецот од Велика Иванча почина од повредите

Велика Иванча

Љубиша Богдановиќ кој во вторникот уби 13 луѓе во Велика Иванча, во Србија, им подлегна на повредите денеска во Ургентниот центар во Белград. Здравствената состојба на неговата сопруга Јаворка Богдановиќ е стабилна и таа се опоравува од хируршки зафат извршен вчера попладне, јави Танјуг.
60 годишниот Богдановиќ во вторникот рано утрото уби шест мажи, шест жени и двегодишно дете, а потоа се обиде да ја убие сопругата и себеси.