Повлекување на 3,4 милиони автомобили од јапонски произведувачи

Четири јапонски производители на автомобили соопштија дека ќе повлечат речиси 3, 4 милиони возила. Тојота, Нисан, Хонда и Мазда поединечно соопштија дека ја донеле одлуката поради дефект на воздушните перничиња на совозачкото седиште во некои нивни автомобили.
Тојота и Нисан ги повлекоа возилата кои биле произведени меѓу 2000 и 2004 година, за кои немало извештаи дека некој се повредил или починал поради проблем со воздушните перничиња.