Лувр повторно отворен за посетители

Славниот музеј во Париз, Лувр, повторно беше отворен за посетителите, откако беше привремено затворен поради големиот број џебни кражби. Персоналот на музејот мораше да го затвори бидејки имало преголем број на крадци кои оперирале како банди, а во нив биле вклучени и деца. Менаџментот на Лувр превзема мерки за зајакнување на безбедноста во музејот. Лувр годишно го посетуваат 10 милиони туристи и е најпосетен музеј во светот.