Расмусен во посета на Јужна Кореја

Сеул, 11.04.2013

Генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен денеска пристигна во Јужна Кореја, на разговори со државниот врв во Сеул за кризата на Корејскиот Полустров. Според Министерството за надворешни работи на Јужна Кореја, посетата на Расмусен е добра можност за НАТО да ја покаже подршката за мирот и стабилноста во тој регион.Расмусен е прв генерален секретар на НАТО кој ја посетува Јужна Кореја, а неговиот три-деневн престој таму бил планиран пред актуелните тензии на Корејскиот Полуостров.