Реформите во банкарскиот систем да бидат приоритет во Европа

Шефицата на ММФ Кристин Лагард.

Шефицата на ММФ Кристин Лагард ги повика европските власти да продолжат со реформите во банкарскиот систем, вклучувајќи и затворање на некои банки, ако е неопходно. Во говорот одржан пред Економскиот клуб во Њујорк, Лагард рече дека Европа мора да го стави расчистувањето на банкарскиот сектор како приоритетна задача. Таа рече дека тоа може да се постигне со „докапитализација, реструктуирање и, каде што е потребно, намалување со затворање на некои банки“. Лагард оцени дека по многу нестабилниот период финансиските услови покажуваат знаци на подобрување и оти „економскиот свет веќе не изгледа толку опасно како пред девет месеци“.