Не запира растот на американските берзи

Американските берзантски индекси достигнаа ново рекордно високо ниво. Дау Џонс порасна за 0,88 отсто и вчерашниот ден го заврши со рекордни 14.802,24 поени. Берзантскиот индекс 500 на Стандард и Пурс се зголеми за 1,22 отсто и достигна 1.587,73 поени, исто така рекорд на сите времиња. Индексот Насдак порасна за 1,83 отсто и достигна 3.297,25 поени, што е највисоко од ноември 2000 година. Растот е предводен од акциите во технолошките компании. Аналитичарите велат дека растот се одразува на оптимизмот на инвеститорите дека стопанството ќе ја зголеми потрошувачката на технолошки производи за зајакнување на нивното работење.