Специјалецот што го застрела Бин Ладен - сведок на судењето за Викиликс

Членот на американските специјални единици што го застрела Осама Бин Ладен може да сведочи на судењето на војникот обвинет за предавање американски тајни документи на Викиликс, Бредли Менинг, одлучи воениот суд. Обвинителите велат дека членот на тимот што го застрела Бин Ладен нашол дигитални докази што покажуваат дека лидерот на Ал Каеда дд соработниците добивал документи за кои Менинг призна дека му ги дал на Викиликс. Менинг се соочува со доживотен затвор ако биде осуден за помагање на непријателот во овој случај. Тој призна дека му ги предал материјалите на Викиликс, но ги негира обвинувањата за помагање на непријателот. Судењето треба да почне на 3 јуни годинава.