Временска прогноза - Променливо облачно со повремен дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд и услови за појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Температурата ќе се движи од 6 до 15 степени. Во Скопје слично време со температура до 14 степени.