ЕП го одложи гласањето за резолуцијата за Македонија

Европскиот парламент го одложи гласањето за Резолуцијата за Македонија што идната среда требаше да се случи на пленарна седница во Стразбур. Поради кусиот период за превод на сите јазици што се говорат во Европската унија на веќе изгласаната Резолуција на Комитетот за надворешни работи, Европарламентот денеска ги информирал известувачот Ричард Ховит, како и известувачите во сенка дека за Резолуцијата ќе се гласа следниот месец во периодот меѓу 21 и 23 мај.