Русија предупредува на ситуацијата во Северна Кореја

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров предупреди на ескалација на кризата со Северна Кореја поради воените маневри, но додаде дека Москва и Вашингтон немаат спротиставени ставови за ситуацијата.
Говорејќи по средбата со американскиот државен секретар Џон Кери во Лондон, тој рече дека не треба никој да предизвикува страв со спроведување на воени маневри и дека постои шанса ситуацијата да се смири. Лавров и Кери разговараа пред средбата на земјите членки на Г8.