Влад Филат номиниран за премиер на Молдавија

Влад Филат

Претседателот на Молдавија Николае Тимофти повторно го именуваше Влад Филат на премиерската функција. Тимофти ја соопшти информацијата по консултацијата со лидерите на парламентарните партии.
Прозапдно ориентираната влада на Филат поднесе оставка на 8 март, откако ја загуби довербата на гласањето во Парламентот на 5 март.