Оланд со нов закон за сметките во даночните оази

Францускиот претседател Франсоа Оланд

Францускиот претседател Франсоа Оланд изјави дека во подготовка е нов закон со кој француските банки ќе бидат принудени да објавуваат детали за сите нивни поддржувачи во странство. Целта на законот, кој ќе биде објавен на 24 април, според него, е да се поврати имиџот во јавноста, откако по даночен скандал беше уништен кредибилитетот на неговата администрација.
Тој повика на автоматска размена на информации меѓу европските земји за приходите и имотот на нивните државјани во странство. Неговиот поранешен министер за буџет Џером Кахузак беше обвинет во минатата недела за даночна измама.