Попоски-Нимиц достави определни идеи

Министерот за надворешни работи Никола Попоски

Министерот за надворешни работи Никола Попоски денеска изјави дека медијаторот на ОН Метју Нимиц во оваа фаза им доставил определени идеи и размислувања. Попоски говорејќи по неформалниот Министерски состанок на земјите учеснички во Процесот за соработка во Југоисточна Европа рече дека во овој момент во интерес на процесот нема да коментира што тоа содржи и какво би било натамошното видување.