Феминизмот е опасен феномен за руската црква

Поглаварот на руската христијанска црква Кирил

Поглаварот на руската христијанска црква Кирил го нарече феминизмот многу опасен феномен кој ги охрабрува жените да преземат улоги надвор од домаќинството и одгледувањето деца. Во неговиот говор постиран на веб страната на црквата тој им порача на мажите дека треба да се фокусираат на обезбедување храна, облека и услови за домување на нивните семејства.
Според него, жените треба секогаш да бидат насочени кон својот дом и деца. Кирил смета дека најголемиот дел од феминистките не се мажени и немаат разбирање за важноста на семејниот живот.