Децата жртви во воените конфликти

Водечката глобална организација „Спаси ги децата“ соопшти дека најголем дел од жртвите на сексуална злоупотреба во конфликтните зони се деца. Организацијата ги опишува нападите врз децата како скриените ужаси на војната.
Во извештајот има сведоштва на деца кои биле киднапирани и злоупотребувани од вооружените сили, при што голем дел од нив биле убиени. Според организацијата, програмите за помош на младите жртви не се доволни.