Таџикистанскиот претседател се сретна со Расмусен

Таџикистанскиот претседател Емомали Рамон и генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен

Таџикистанскиот претседател Емомали Рамон се сретна со генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен во Брисел. Посетата на Рамон на седиштето на НАТО се фокусираше на тоа како Таџикистан може да и помогне на Алијансата, која ќе ја заврши својата мисија во Авганистан до крајот на 2014 година.
Расмусен му кажал на Рамон дека ја цени неговата поддршка за користење на аеродромот во Душанабе.