Српскиот премиер Дачиќ во посета на Русија

Премиерот на Србија Ивица Дачиќ од денеска ќе престојува во посета на Русија. Првиот ден од престојот, тој ќе се сретне со својот руски колега Дмитри Медведев, а ќе биде примен и од претседателот Владимир Путин. Предвидена е и средба со министерот за одбрана Сергеј Шојгу.
За време на дводневната посета, ќе бидат потпишани повеќе спогодби, меѓу кои и за руски државен кредит за Србија во износ од 500 милиони долари, како и спогодба за одобрување кредит од 800 милиони долари за модернизација на железницата во Србија.
Предвидено е и потпишување на спогодби за заемно признавање на дипломи и за соработка во областа на одбраната.