Иран: нуклеарката Бушер не е оштетена во земјотресот

Нуклеарната централа Бушер

Иранската нуклеарна централа Бушер остана неоштетена од силниот земјотрес со интензитет од 6,3 степени што вчера го погоди јужниот дел на земјата.
Според официјални претставници, најмалку 37 лица загинале, а околу 850 биле повредени во потресот кој уништи неколку населби во регионот Дашти. Гувернерот на оваа област Фереидун Хасанванд изјави дека нуклеарката, изградена со руска помош, не била оштетена, а Руската фирма Атомстројекспорт ја потврди оваа информација.