Тешки борби во Пакистан

Официјални воени претставници соопштија дека во тешките борби меѓу пакистанските трупи и милитантите во близина на авганистанската граница биле убиени 23 војници и најмалку 110 непријателски борци. Борбите, кои почнаа во петокот, доаѓаат по неколкунеделните судири меѓу ривалските исламистички милиции за контрола на стратегиските позиции во долината Тирах, во племенскиот регион Кибер, кој се граничи со Авганистан. Анонимни воени претставници соопштија дека армијата употребува и воени авиони за напади врз бунтовничките позиции.
Регионот Кибер се наоѓа на рутата која НАТО ја користи за снабдување на трупите во Авганистан, како и за евакуација на воената опрема пред најавеното повлекување во 2014 година.