Киргистан-две лица загинаа во експлозија на граната

Бишкек

Дев лица загинаа во експлозија на граната во главниот град на Киргистан, Бишкек. Локаллната полиција соопшти дека гранатата експлодирала во реонот Ленин додека двете лица се обидувале да ја подигнат со цел да ја продадат како старо железо.
Според нив, уште две гранати биле пронајдени во близина на местото. Многу луѓе во Киргистан, поради лошата економска состојба собираат старо железо за да заработат пари.