Вујановиќ задоволен од изборниот резултат

Црногорскиот претседател Филип Вујановиќ

Црногорскиот претседател Филип Вујановиќ денеска изрази задоволство од остварениот резултат на претседателските избори во земјата. Тој истакна дека изборите биле демократски и дека очекува Државната изборна комисија набрзо да ги објави конечните резултати од гласањето.
Според Вујановиќ, неговиот противкандидат лидерот на Демократскиот фронт Миодраг Лекиќ, остварил одличен резултат и порача дека очекува тој да го признае поразот. Изборниот штаб на Лекиќ, синоќа го оспори резултатот.