ДИК-рокот за приговори истекува вечер

Втор круг гласање на Локални избори 2013.

Рокот за поднесување приговори до Државната изборна комисија за вториот круг од локалните избори истекува вечер. Секој подносител на листа на кандидати во постапката за гласање, сумирање и утврдување на резултатите од гласањето може да поднесе приговор до ДИК и тоа во рок од 48 часа по завршувањето на гласањето односно објавување на првичните резултати. ДИК е должна во рок од 48 часа по приемот на приговорот да донесе одлука за приговорот.