Северна Кореја бара странците да заминат од Јужна Кореја

Северна Кореја бара странците во Јужна Кореа да се евакуираат. Во соопштението на севернокорејската државна новинска агенција се наведува дека во случај на војна Пјонгјанг не сака тие да бидат повредени. Во минатата недела Северна Кореја им препорача на странските дипломати да си заминат од Пјонгјанг бидејќи не може да им ја гарантира нивната безбедност. Вчера Соединетите држави ја предупредија Северна Кореја да не изведува нови нуклеарни проби. Тензиите пораснаа на Корејскиот Полуостров откако Северна Кореја изведе трета нуклеарна проба во февруари годинава.