Евро комесарот за проширување Филе во Македонија

Денеска во посета на Македонија е еврокомесарот за проширување Штефан Филе .
Тој претпладнево ќе има средба со заменик претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за европски прашања Фатмир Бесими, а потоа ќе има и обраќање на седница на Националниот совет за евроинтеграции.
Покрај високиот пристапен дијалог што го води земјава со Европската Комисија, се очекува една од темите да биде и вонредниот извештај на Комисијата за напредокот на Македонија што би требало да биде презентиран на 16 април.
Ќе се разговара и за формирањето на Комисијата што треба да ги расветли настаните во Собранието од 24 декември.
Европскиот парламент пак денеска во Брисел ќе гласа за резолуцијата за Македонија поднесена од известувачот Ричард Ховит.